Израелската служба за внатрешно разузнавање Шин Бет соопшти дека уапсила десет Палестинци, кои планирале да нападнат израелски воен брод во близина на брегот на Појасот Газа.
Водачот на групата Амин Џама пред судот изјави дека планирале да извршат ракетен напад врз бродот, а потоа да ги киднапираат повредените израелски војници, со цел да ги искористат за размена на палестински затвореници.
Според Шин Бет уапсените Палестинци се членови на групата Исламски џихад.