Хан: Во јуни ќе се обидам да го одблокирам дијалогот Белград-Приштина

51
Photo: EPA / KOCA SULEJMANOVIC

Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан изјави денеска дека во јуни ќе се обиде да го одблокира дијалогот меѓу Белград и Приштина.

– Веќе во јуни уште еднаш ќе се обидам да ја одблокирам таа ситуација, така што ќе комунициран со обете страни за евентуално нешто да подготвиме за јули – изјави Хан.

Тој дополни дека не може да тврди дека ќе успее во тоа, но потенцира дека во секој случај треба да се искористат сите можности и оти ќе даде се од себе за дијалогот да се одблокира.

– Актуелната ситуација не само што нанесува штета на двете страни, туку и на целиот регион – истакна Хан.

Photo: EPA / KOCA SULEJMANOVIC

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...