Новиот украински претседател Володомир Зеленски одлучи на поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили да му го врати украинското државјанство.
Саакашвили до 2013 година беше претседател на Грузија, а две години подоцна беше именуван за гувернер на Одеса, престижен украински регион на брегот на Црното Море. Година и пол подоцна поднесе оставка на таа функција, обвинувајќи го тогашниот украински претседател Петро Порошенко за продлабочување на веќе вкоренетата корупција. По таа изјава му беше одземено украинското државјанство.
„Се враќам дома“, објави Саакашвили на Фејсбук откако Зеленски му го врати државјанството. Саакашвили ја поддржа кампањата на Зеленски за претседател на Украина.
ФОТО: EPA / SERGEY DOLZHENKO