Министерството за финансии не планира промена на висината на акцизата кај нафтените деривати, изјави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски.
-Тоа што е во законите, тоа што е пракса за наплаќање на акциза тоа останува практично непроменето – рече Тевдовски.
Вчера реагираа дел од трговците со нафтени деривати побараа државата да ја намали заработката од дериватите за да се намали и крајната цена.
Пресметките се дека околу 30 отсто од цената на секој продаден литар бензин оди во државната каса.