Ана Ивановиќ се огласи првпат по објавата дека е бремена ФОТО+ВИДЕО

Ана Ивановиќ се огласила преку социјалните мрежи по неколку дена од нејзината објава дека е бремена.

350

Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ се огласила преку социјалните мрежи после неколку дена од нејзината објава дека е бремена, пишува „Телеграф.рс“. Таа на својот профил на Твитер објавила фотографија на која се смее и статус со следна содржина:

„Преплавени сме со количината на љубов која ја примивме и убавите желби, многу ви благодарам на сите“, напишала Ана на социјалната мрежа.

Инаку, Ана во саботата на 25 мај присуствувала на венчавката на својот брат Милош Ивановиќ кој се оженил со Драгана Џајиќ, ќерка на фудбалската легенда Драган Џајиќ. Ивановиќ, некогашна прва светска тенисерка го покажала својот труднички стомак кога пристигнала во еден белградски хотел каде што била и одржана веселбата.

Ана била весела на свадбата, а во еден момент станала и танцувала со младенците, снаата Драгана и братот Милош.

Ана Ивановиќ во 2016 година се венча со германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер, а церемонијата за венчавката беше одржана во Венеција. Поранешната српска тенисерка во 2018 година првпат стана мајка кога на светот го донесе синот кој добил име Лука.

 

FOTO: Printskrin/Tviter

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...