„Си-Ен-Ен”: Закерберг не доаѓа да сведочи во канадскиот Парламент 

60
ФОТО: EPA / ETIENNE LAURENT

Основачот и сопственик на социјалната мрежа Фејсбук, Марк Закерберг, и извршниот директор, Шерил Сендберг, нема да се појават на седница на Комитетот за конфиденцијалност и етика на Парламентот на Канада, јави „Си-Ен-Ен”.

Планирано е комитетот во Отава да расправа за „безбедното чување податоци, тајност и демократија”.

Според телевизијата, на средбата Фејсбук го испраќа раководителот на канадското одделени на социјалната мрежа, Кевин Чан и директорот за општествена политика, Нил Потс.

Претседателот на комитетот, Боб Цимер, укажа дека недоаѓањето на Закерберг и Сендберг е непочитување на Парламентот на Канада а тоа во оваа земја се смета за кривично дело.
-Се разбира никој нема да ги уапси и донесе со лисици на рацете, но тоа што е игнорирана целата земја е лош сигнал за одговорност, вели Цимер.

Членови на канадскиот парламент одамна се обидуваат да издејствуваат Закерберг да дојде на сослушување. Но раководителот на Фејсбук досега сведочше само во американскиот Конгрес, и има доаѓано и на заседанија на Европскиот парламент. На заседанијата на парламенти на други земји тој испраќаше свои соработници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...