Претседателот на Австрија, Александер ван дер Белен изјави дека, откако и беше изгласана недоверба на преодната Влада на канцеларот Себастијан Курц, во потрагата во нов мандатар ќе бара личност која ќе има поддршка во Парламентот.
– Тоа значи дека ќе барам мандатар кој ќе има широка поддршка во Парламентот, за да избегнеме ново изгласување недоверба – рече синоќа австрискиот претседател.
Ван дер Белен најави дека во согласност со уставните обврски, денеска ќе ја распушти Владата на канцеларот Курц, но и оти ќе и наложи да работи до формирање на нова влада, меѓутоа под водство на актуелниот министер за финансии и вицеканцелар Хартвиг Легер.
– Ова е само привремено решение, затоа што е важно сите министерства да бидат пополнети со министри, со цел државата да остане делотворна – објасни тој.
Според него, потрагата по нов мандатар нема да трае подолго од една недела.
ФОТО: Твитер