Трамп и Меланија вечераа француски специјалитети кај јапонскиот цар

На менито имаше кралска супа, сезонска салата, говедско месо, риба иверак, а за десерт сладолед со диња и грозје.

107
ФОТО: EPA / EUGENE HOSHIKO / POOL

Jапонскиот цар Нарухито и царицата Масако приредија вечера за американскиот претседател Доналд трамп и неговата сопруга Меланија во Царската палата во Токио.

На вечерата се служени француски специјалитети, а гостите вечераа во придружба на Царскиот оркестар.

На менито имаше кралска супа, сезонска салата, говедско месо, риба иверак, а за десерт сладолед со диња и грозје.

На првата свечена вечера што ја приредува јапонската царска двојка присуствуваа 165 гости, меѓу кои и премиерот Шинзо Абе, пренесува јапонската новинска агенција Кјодо.

Трамп е првиот светски лидер кој се сретна со јапонскиот цар, откако дојде на престолот на 1 мај.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...