Украинската полиција соопшти дека четворица затворски стражари се повредени во судири со затвореници кои се забарикадирале во затвор во пристанишниот град Одеса, јавија локалните медиуми.
Претставник на истражниот оддел на полицијата во Одеса информира дека полицијата преговара со затворениците.
Според некои медиуми, неколку затвореници се повредени, а некои успеале да избегаат.
Локалниот информативен сајт „Думскаја“ објави фотографии на кои се гледаат лица кои се приведени во близина на ѕидините на затворот и се вратени назад.
Активистите кои се собрале пред затворот рекле дека затворениците протестираат поради лошиот квалитет на храната.