Марко Јухант е специјален педагог за нарушувања во однесувањето и личноста. Неговите методи вклучуваат и казнување, но не импулсивно казнување во состојба на бес во која децата, веќе подготвени од други животни околности, лесно знаат да не доведат.
Марко Јухант е еден од оние луѓе кои ви кажуваат и покажуваат толку едноставни и применливи можности во воспитувањето што едноставно не можете да верувате дека самите не сте се сетиле на тоа.
Казнувањето во неговите методи вклучува однапред договорени, смислени, временски определени или неопределени казни. Во смисол: детето му ја издишало гумата на велосипедот на постариот брат и згора на тоа, излажало дека нема поим за ништо. Една од казните би била да му одредите дополнителна домашна работа која, на пример, ќе може да ја извршува цела недела. Или казната да ја „бодувате“. По сопствена проценка. На пример, за прекршок -10 и за лажење – 4 бода. На ист начин сте ги вреднувале и домашните обврски. На пример, за чистење на автомобилот ќе „заработи“ 2 бода, за миење садови – 1, за усисување – 3…. И тогаш самото одбира дали 14 дена ќе мие садови еднаш дневно или ќе жртвува малку повеќе од своето време и ќе се ослободи од казната побргу. Важно е да се биде доследен.
А детето сигурно ќе размисли следниот пат дали му се исплаќа да ја риба туш-кабината пред да одлучи уште еднаш да го направи истиот прекршок. Главно, на децата им е прилично јасна разликата помеѓу доброто и лошото. А природните последици од одредени постапки се кобни и не смееме да ги чекаме.
Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.
Фото: Unsplash