Бензините „еуросупер 95“ и „еуросупер 98“, од полноќ поевтинуваат за еден денар и ќе се продаваат по цена од 71, односно 73 денари за литар, додека „еуродизелот“ поевтинува за два денара и ќе чини 64 денари за литар.
Вака одлучи Регулаторната комисија за енергетика, која овие цени ги пресмета според новата методологија.
Mалопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 53,50 денари за литар. Мазутот М-1 НС, пак, поскапува за 0,959 денари за килограм и ќе се продава по цена од 35,964 денари за килограм.
Новиот ценовник ќе се применува седум дена.
Според новата методологија на пресметување на цените на горивата, главни критериуми ќе бидат курсот на доларот во однос на денарот и движењето на цената на суровата нафта на светските берзи.