Прозводителите на зелка го одблокираа откупниот пункт, протестот продолжува

Протестот го продолжуваме мирно на сред село и ќе чекаме да дојдат претставници на Министерството за земјоделство за да го слушнеме и нивниот став, велат незадоволните земјоделци.

153

Производителите на пролетна зелка од Муртино утрово околу 8 часот ја прекинаа блокадата на откупниот пункт, но протестот продолжи во центарот на селото.

Незадоволните производители вчера со трактори го блокираа влезот на откупниот пункт и ноќта ја поминаа таму, не дозволувајќи ниту еден камион да излезе или да влезе за да товари зелка.

Причина за блокадата и протестот на проозводителите на зелка е намалената октупна цена, која на пунктот што го блокираа се откупуваше за 25 денари за килограм.

Производителте бараат откупната цена да изнесува 30 денари за килограм, барем до почетокот на Велигденските празници.

– Протестот го продолжуваме мирно на сред село и ќе чекаме да дојдат претставници на Министерството за земјоделство за да го слушнеме и нивниот став. Доколку се прифатат нашите барања тогаш протестот ќе го прекинеме, во спротивно ќе продолжиме – велат незадоволните земјоделци.

Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најавија дека денеска ќе се сретнат со земјоделците.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...