Градежниот сектор ќе ја засилува имплементацијата на стандарди

На настанот најавено е обраќање на претседателот на Градежната комора на Македонија, Ивица Јаќимовски, деканот на Градежниот факултет Дарко Мославац и директорот на ИЗИИС Влатко Шешов.

105
20130527 Monday 1052 Skopje vmro hotel bristol gradenje SK14

Градежната комора при Сојузот на стопански комори денеска ќе ја официјализира соработката со Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС).

Целта на соработката е спојување на теоријата и праксата, воспоставување на поголема синергија меѓу институциите, продуцирање на кадар кој ќе одговори на потребите на компаниите во градежниот сектор, заедничко следење на најновите трендови, како и успешна имплементација на квалитетот во изградбата, почитување на стандардите и одговорност на сите учесници во планирањето, проектирањето и изведбата на објектите.

На настанот најавено е обраќање на претседателот на Градежната комора на Македонија, Ивица Јаќимовски, деканот на Градежниот факултет Дарко Мославац и директорот на ИЗИИС Влатко Шешов.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...