Каменос на Твитер: СИРИЗА се самоуби во Преспа

785
ФОТО: EPA / SOTIRIS BARBAROUSIS

Во исто време додека грчките телевизии ги објавува т.н. exit polls, односно проценката на изборниот резултат од агенциите за истражување, лидерот на Независни Грци, Панос Каменос излезе со коментар на неговиот официјален Твитер профил, јави дописничката на МИА од Атина.

– СИРИЗА се самоуби во Преспа, напиша Каменос.

Според проценките на изборниот резултат за евроизборите агенциите за рејтинг спроведени за грчките телевизии, Независни Грци добиваат меѓу еден и два отсто од граѓаните.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...