Пратениците расправаат за Законот за финансиска поддршка на инвестиции

Со Законот се овозможува примена на мерките од првиот и вториот столб од Планот за економски раст, усвоен од Владата во декември 2017 година.

98

Членовите на собраниската Комисија за економски прашања денеска ќе разгледуваат Предлог – Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

Со Законот се овозможува примена на мерките од првиот и вториот столб од Планот за економски раст, усвоен од Владата во декември 2017 година. Планот за економски раст е креиран во соработка со Стопанските комори, академската заедница и невладиниот сектор. Беа организирани повеќе активности и јавни трибини на кои се дискутираше за мерките од планот, а Законот беше јавно достапен на увид и преку Единствениот електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР).

Овој Предлог – закон овозможува државна финансиска поддршка за нови инвестиции и нови подобро платени работни мести, технолошки развој и внесување иновации на компаниите, со што ќе се зголеми конкурентноста на македонските компании, а целта е да се зголеми извозот и да се постигнат повисоки стапки на економски раст на македонската економија.

Комисијата за економски прашања треба да расправа и за измените и дополнувањата на Законот за Државен пазарен инспекторат, двата во прво читање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...