Jункер: Гласајте како да е од пресудно значење, секој глас се брои

121

Претседателот на Европската комисија и поранешен премиер на Луксембург, Жан-Клод Јункер, кој гласаше на денешните европски избори, укажа на важноста на овие избори и ги повика сите Европејци да гласаат.

Тој објави фотографија на Твитер од неговото избирачко место.

– Само што гласав. Гласајте како да е пресудно. Секој глас се брои, рече Јункер на Твитер.

Во 2014 година, како водечки кандидат на Европската народна партија,  Жан-Клод Јункер доби најголема поддршка од гласачите на европските избори. По одлуката на Европскиот совет и ратификацијата во Европскиот парламент, Јункер беше назначен за претседател на Европската комисија за периодот од 2014 до 2019 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...