Седум причини за можни заболувања од рак

Резултатите од истражувањата покажуваат дека лошата исхрана е заслужна за голем број од случаите на заболување од рак.

636

Исхраната има влијание во нашето здравје повеќе отколку што мислиме. Лошата исхрана може да биде предизвикувач на рак подеднакво исто како и алкохолот, покажаа резултатите од новите истражувања.

Во која мерка навиките во исхраната влијаат на нашето здравје?
Резултатите од истражувањата покажуваат дека лошата исхрана е заслужна за голем број од случаите на заболување од рак.

Истражувачите посебно издвоиле седум причини за можни заболувања од рак: ниска количина на внесување на зеленчук и овошје, житарики и млечни производи, но и високо количество на внесување обработено и црвено месо и газирани сокови на база на шеќер.

– Ниското количество на консумирање на цели житарки се поврзува со најголемиот број случаи на заболени од рак во САД, а веднаш потоа следат недоволното внесување на млечни производи – изјавил д-р Занг.

Истражувачите, исто така, потсетуваат дека претходните студии докажале дека ракот на дебелото црево директно се поврзува со внесувањето на обработено месо.

– Нашето истражување покажува дека бројот на новите случаи во голема мерка се поврзува со лошата исхрана на светско ниво – заклучил д-р Занг.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...