МЗШВ организира средба со производителите на зелка и со откупувачите

Пролетната зелка во моментов се извезува во Русија, Полска, Романија, Белорусија и Украина.

114

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) соопшти дека континуирано ја следи состојбата со откупот на зелката и откупната цена и најави дека негови претставници денеска ќе остварат заеднички состанок и со производителите на зелка и со откупувачите, со цел, како што се наведува, да се најде решение кое ќе биде од заеднички интерес.

„Во изминатите две недели, претставници на МЗШВ и на Владата одржаа неколку состаноци и со земјоделците и со откупувачите на зелка, на кои беше презентирана актуелната состојба со откупот и цената на зелка, и се слушнаа ставовите на двете страни“, се наведува во соопштението.

Пролетната зелка моментално се извезува во Русија, Полска, Романија, Белорусија и Украина.

Паралелно, како што се посочува, МЗШВ работи на долгорочна стратегија за обезбедување на сигурен пласман и откупни цени, како и на создавање на цврсто договорно производство помеѓу земјоделците и откупувачите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...