Принцот Душан Караѓорѓевиќ и принцезата Валерија Демузио го изговорија судбоносното „да“ пред сите членови на семејството Караѓорѓевиќ, но и пред пријателите од странство и Србија, како и пред кумовите и поповите.
Во текот на црковната церемонија, свештениците цело време и на српски и на англиски јазик ги изговарале молитвите.
По првиот бакнеж на венчаната двојка, на младоженецот и невестата веднаш им честитала мајката на невестата, а потоа и сите останати.
Душан и Валерија лани, по три години врска, имале граѓанска венчавка во Њујорк, каде што двојката и живее. Бидејќи кнезот е приврзан за Србија, со согласност на невестата, организирал црковна венчавка на Опленац, во црквата „Свети Ѓорѓе“, во која се венчале и неговите предци.