Поповиќ ѝ нуди 100.000 евра на Северина за да се „пресмета“ со Карлеуша во „Ѕвездите на Гранд“

Во новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ Северина ќе ѝ се придружи на ривалката Карлеуша во жирито на популарното натпреварување, дознаваат српските медиуми.

1722

Спорд српските таблоиди, директорот на „Гранд продукција“, Саша Поповиќ планира во новата сезона, што почнува во септември да вклучи жири од поранешните земји на СФРЈ.

Првото име на овој попис наводно била Северина Којиќ. Српската музичка ѕвезда Јелена Карлеуша, која повеќепати ја исмеваше Северина за снимките и фотографиите што се појавија во јавноста, веќе е во жирито, така што се претпоставува дека заедничкиот настап на двете атрактивни пејачки би било одлично за гледаното шоу.

Српскиот портал „Информер“ пишува дека Саша Поповиќ на Северина ѝ понудил 100.000 евра да стане дел од шоуто и да ѝ одговори на Јелена така што ќе ја спомне нејзината афера со фудбалерот Врањеш.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...