Иран може да уништи американски воени бродови во Персискиот залив користејќи ракети и „тајно оружје”, изјави високиот ирански воен претставник генерал Мортеза Корбани.
– Америка испраќа два воени бродови во регионот. Ако направат нешто глупаво, ќе ги потопиме тие бродови заедно со нивните екипажи и авиони – рече Корбани, кој е советник во иранската воена команда.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера соопшти дека ќе испрати 1.500 војници на Блискиот Исток, како мерка на претпазливост.
– Сакаме да бидеме заштитени на Блискиот Исток. Ќе испратиме релативно мал број војници, главно одбранбени – изјави Трамп.