Бомба експлодираше во центарот на Лион, осуммина повредени ВИДЕО

485

Во центарот на францускиот град Лион, на улицата Виктор Иго, експлодира бомба меѓу плоштадот Белкур и железничката станица Лион-Пераш, околу 17.40 часот, јавува дописникот на МИА.

Според Министерството за внатрешни работи има осум повредени лица.

Експлозивната направа била ставена во патничка торба. Овој трговски дел на градот е целосно опколен од страна на силите на редот.

Префектурата на Лион ја потврди експлозијата и бара поради безбедност на граѓаните да го избегнат овој сектор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...