Најмалку 19 лица загинаа во пожар во Индија

Пожарникарите соопштија дека околу 25 луѓе се заробени во комплексот.

31

Најмалку 19 лица загинаа во пожар во трговскиот центар во Индија, соопшти противпожарната служба.

Луѓето скокнале од зграда во градот Сурат во западниот дел од земјата, за да избегаат од огнот.

Пожарникарите соопштија дека околу 25 луѓе се заробени во комплексот.

Премиерот Нарендра Моди изрази сочувство до семејствата на жртвите.

„Многу сум тажен поради трагедијата во Сурат, сакам повредените брзо да закрепнат“, напиша Моди на  Твитер, додавајќи дека им наредил на властите да им помогнат на повредените.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...