Почина актерката Душица Жегарац

788

На 75-годишна возраст почина ѕвездата на српската и југословенската кинематографија Душица Жегарац, соопшти Здружението на филмски актери на Србија.

Родена е во Белград во 1944 година и меѓу другото играше во филмовите „Скалите на храброста“, „Саша“, „Будење на стаорци“ и други.

За главната улога во филмот „Опклада“ на Здравко Рандиќ, била наградена со „Златната арена“ во Пула.

Истата награда ја добила и за улогата во филмот „Специјален третман“.

Добитник е на наградата „Павле Вуисиќ“ за животно дело.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...