САД го „натоварија“ Асанж со нови 17 обвиненија

Адвокатот на Асанж, Бари Полак, оцени дека обвинението против Асанж е без преседан и претставува закана за сите новинари кои ја информирале јавноста за акциите на американската влада. Според Полак, Асанж е обвинет за „охрабрување извори да му дадат вистински информации”.

120
ФОТО: EPA / STRINGER

САД подигнаа ново обвинение против основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, тврдејќи дека ги довел во сериозна опасност со објавување на повеќе илјади строго доверливи документи, вклучувајќи ги и имињата на доверливите извори на вооружените сили.

Американското Министерство за правда издаде обвинение против Асанж од 18 точки.

Во новото обвинение се тврди, меѓу другото, дека Асанж правел заговор со поранешната американска разузнавачка аналитичарка Челзи Менинг во обид да пристапи до доверливи информации, вклучително и извештај на Стејт департментот за војните во Ирак и Авганистан.

Асанж (47) е моментно во затвор во Лондон откако Еквадор го укина азилот и на тој начин спречи понатамошен престој во зградата на амбасадата на Еквадор во Велика Британија.

Адвокатот на Асанж, Бари Полак, оцени дека обвинението против Асанж е без преседан и претставува закана за сите новинари кои ја информирале јавноста за акциите на американската влада.

Според Полак, Асанж е обвинет за „охрабрување извори да му дадат вистински информации”.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...