Криминалци во видео снимки го споменуваат името на косовскиот собраниски спикер

257

Приштински медиуми објавија видео снимки во кои лица вклучени во криминални активности го споменуваат името на претседателот на собранието на Косово, Кадри Весели, што тој негира.

– Оваа недела некои медиуми објавија видео снимки во врска со случајот на организиран криминал, во кои луѓе обвинети за проневера и други сериозни злосторства, го споменаа моето име. Немам никаква врска со тој случај, ниту со луѓето што се вклучени во тоа – изјави Весели.

Тој посочи дека ако се докаже неговата вмешаност во таа афера, ќе поднесе оставка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...