Идната недела ќе се одлучува дали ќе му се суди на Борис Џонсон за лажење

104

Лондонски суд објави синоќа дека идната недела ќе одлучува дали да го повика поранешниот министер за надворешни работи Борис Џонсон против кого е поднесено обвинение дека лажел за цената на членството на Велика Британија во Европската унија во кампањата за референдумот за Брегзит во 2016 година.

Обвиненија против него поднесе биизнисменот Маркус Бол преку свои адвокати, јавија британски медиуми.

Според адвокатите, приврзаникот за Брегзит лажел додека бил градоначалник на Лондон со изјава дека државата плаќа по 350 милиони фунти неделно на Брисел.

– Британија никогаш не давала 350 милиони фунти за недела на Брисел – изјави пред лондонскиот суд Луис Пауел, адвокат на Бол. Тој додаде дека „Борис Џонсон знаеше дека таа сума не е точна. И покрај тоа, тој одбра да ја кажува неколкупати“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...