На изборите во Индија победи партијата на премиерот Моди

41

Индиската народна партија (БЈП), на премиерот Нарендра Моди, победи на општите избори, изјави функционерката на партијата и министерка за надворешни работи Сушма Свараџ.

– Му честитам на премиерот што донесе голема победа за партијата. Благодарна сум на луѓето во Индија – рече Свараџ.

Во исто време, регионалниот лидер на главната опозициска Конгресна партија, Амариндер Синг го призна поразот на неговата партија.

– Ја изгубивме битката – рече Синг, премиер на државата Пенџаб.

Гласањето на општите избори во Индија заврши на 19 мај со седмата и последна фаза која траеше повеќе од пет недели.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...