Во Хрватска за велигден речиси 75.000 туристи

145

Хрватска за Велигден, без вчерашниот ден, ја посетиле 74.243 туристи, кои оствариле 229.828 ноќевања. Тие нецелосни податоци веќе се подобри од 2016 година кога Велигден исто така беше порано, изјави министерот за туризам на Хрватска Гари Капели за Хрватско радио.

Тој смета дека предсезоната ќе биде со раст од пет до седум отсто, а постсезоната со уште поголем раст.

– Во главната сезона секогаш е истиот проблем – недоволен број хотелски капацитети – вели Капели.

Фото: EPA/STRINGER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...