Skopje Light Art District од 29. мај до 1. јуни

159

Второто издание на фестивалот на светлината, Skopje Light Art District е замислен како надворешен фестивал со патека и стартна точка лоцирана во Старата скопска чаршија, која ќе води преку Кејот на Вардар сѐ до Градскиот Парк, каде ќе биде и финалната точка.

Дваесет и пет уметници, уметнички здруженија и уметнички групи од земјата и странство од 29-ти мај до 1-ви јуни, од 20 до 24 часот, на 18 локации ќе ги изложуваат своите дела, изведуваат своите претстави и перформанси и ќе им понудат на Скопје и скопјани едно ново, магично и необично доживување.

Со инсталации и настапи во многу бои и светлина, Skopje Light Art District и реномираните светлосни уметници кои ќе бидат дел од него, на присутните ќе им ги претстават фантастичните и митски суштетства и чудовишта кои магично излегуваат од крошните на дрвјата или се вешто скриени во некој дел од урбаната џунгла, светлечките дрвја, музичките перформанси, 3Д проекциите и уште многу други светлосни атракции. Фестивалот ќе биде збогатен и со посебен lounge дел за одмор, забава и дружење на посетителите, а ќе имаат можност да присуствуваат и на првиот 3Д мапинг натпревар, на кој уметници од земјата и од странство ќе се натпреваруваат за фестивалското гран при, наградата „Златко Славенски“.

Фестивалот ќе биде отворен  29-ти мај во Куршумли Ан во Старата скопска чаршија во 20 часот.

Skopje Light Art District 2019 светлосниот фестивал е културно-уметнички настан во организација на ЈУ Универзална Сала, со поддршка на Град Скопје и ROCK проектот, како дел од Хоризонт 2020 програмата за истражување и иновации на Европската Унија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...