Два посилни земјотреси се регистрирани на Балканот денеска попладне, според листата на „Latest earthquakes”.
Во Грција земјотресот бил со силина од 4,4 степени по Рихтер, а потоа и потреси од 2 и 3 степени, според Рихтер.
Земјотрес од 4 степени е регистриран и во Подгорица, покажува листата на „Latest earthquakes”.
Земјотрес од 3,7 степени е регистриран во Турција.