Исклучените од системот на парно греење кои добиле сметки за април да не ги плаќаат, бидејќи тие ќе бидат сторнирани, информираат од Регулаторната комисија за енергетика.
Исклучените од парно кои доставуваат барања до БЕГ за ослободување од обврската за плаќање, во случаите кога компанијата нема да ги прими, да поднесат претставка до Регулаторната комисија за енергетика.
Исклучените од парно имаат рок до крајот на мај да поднесат документација до БЕГ и да докажат дека живеат или ги издаваат становите за да бидат ослободени од обврската за плаќање.
Потребно е да донесат копија од лична карта, имотен лист не постар од еден месец, извод од матична книга на родени на лицето што живее во станот или договор за издршка доколку во него живеат родителите, како и сметки за платена струја од последните шест месеци.
Доколку станот е даден под кирија, покрај овие документи треба да достави и договор за закуп.