Изложба на дела на студентите на Факултетот за дизајн и мултимедија при ФОН Универзитетот ќе биде отворена утре вечер во Младинскиот културен центар во Скопје со почеток во 20 часот. Оваа годишна изложба се одржува по 11. пат и ги претставува студентските достигнувања во дизајнот како уметничка област.
Ќе бидат изложени голем број идејни решенија реализирани низ студиската програма за дизајн и мултимедија во академската 2018/2019 година за развој на графички производи, мода и медиуми.
На изложбата која ќе биде отворена до 29 мај, ќе бидат претставени дела од студентите од прв и втор циклус студии од сите три области: графички дизајн, мултимедија и моден дизајн.