Претседателот на Иран, Хасан Рохани изјавил пред група духовници дека сака проширени вонредни воено-временски овластувања, за да се справи подобро со „економската војна“, што почна со повлекувањето на Владата на Трамп од нуклеарниот договор и санкциите.
Според Ирна, претседателот Рохани дал пример со војната во Ирак во 80-те години кога воено-времениот врховен совет можел да заобиколи останати власти за да донесува одлуки по однос на војната и економијата.
Во информацијата на агенцијата не се споменува што точно би вклучувале новите овластувања.
– Денешната ситуација не е поволна за преговори и нашиот избор единствено е отпор – изјави Рохани.