Американските власти во Конектикат нудат награда од 5.000 долари за информации, кои ќе доведат до апсење и процесуирање на лицето, кое ја запалило џамија во Њу Хевн.
Бостонскиот огранок на Федералното биро за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви денеска соопшти дека нуди награда за помош во расветлувањето на случајот со подметнување пожар.
Огнот на 12 мај оштети два ката на џамијата Дијанет во Њу Хевн, а градоначалникот минатата недела изјави дека властите пронашле докази дека запалив уред или материјал бил користен за да се предизвика пожарот.
Гувернерот на Конектикат Нед Ламонт го осуди овој инцидент.
– Напад врз верска институција – од која било религија – поттикнат од омраза е одвратен и ужасен – изјави Ламонт на Твитер.
Покрај наградата на Федералното биро (АТФ), и државата Конектикат преку Програмата за спречување на пожари нуди до 2.500 долари за информации, кои водат до апсење и осудување на сторителот.