Промена на цените на Gulf (Галф) горивата

785

Нови цени стапуваат на сила од вечерва, откако и оваа недела Регулаторната комисија не ги формираше малопродажните цени на дериватите, информира компанијата Gulf.

Користејќи ги глобалните формули и движењата на цената на нафтата на светските берзи, од вечерва, велат во информацијата, врвните Gulf горивата ќе се продаваат по следните цени:

  • Премиум G-Force безоловен ќе се продава по цена од 74,50 денари за литар;
  • Премиум Xtream дизел ќе се продава по цена од 67,50 денари за литар;
  • Еуросупер 95 безоловен ќе се продава по цена од 72,00 денари за литар;
  • Еуродизел ќе се продава по цена од 66 денари за литар;

Gulf (Галф) ги известува своите потрошувачи ширум земјата дека продажните цени на горивата и понатаму ќе бидат формирани од страна на стручниот тим на компанијата се додека истите не бидат формирани од Регулаторната комисија и новиот закон кој веќе е донесен.  

Врвниот квалитет и уникатните карактеристики на Gulf (Галф) горивата и понатаму се препознатлив знак на американскиот бренд присутен на македонскиот пазар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...