„Боеми“ од Верди на Мајските оперски вечери

357

Во рамките на 47. Мајски оперски вечери во среда во 20 часот ќе биде изведено оперското ремек дело „Боеми“ од Џакомо Пучини.

Операта e во четири чина, чие дејство се одвива во Париз кон крајот на 19 век, а чие либрето се базира на „Сцени од животот на боемите” на Хенри Мургер.

Диригент е Оливер Балабурски, режисер, Дејан Прошев.

Настапува врвна солистичка екипа: Во улогата на Родолфо ќе настапи добро познатиот тенор Иван Момиров од Бугарија. Цветелина Василева од Бугарија со својот уникатен лирско – драмски сопран ќе ја изведе улогатана Мими.  Валдис Јансонс од Латвија ќе настапи како Марчело, Андреа Ѕаупа од Италија во улогата на Шонар, додека заводливата Музета ќе ја толкува Катерина Стојановска, а Владимир Саздовски ќе ја игра улогата на Колин.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...