Проектот Фестивал на поезија за деца (СТИХО – ФЕСТ) „СТИХУВАЛКИ 2019“ по втор пат се реализира како литературна манифестација која годинава почна да станува меѓународна, затоа што на конкурсот аплицираа автори од соседните држави кои ги испратија своите поетски творби на својот мајчин јазик, со превод на македонски јазик, информираа од Културно-Информативниот Центар – Скопје каде задутре во 18:00 часот ќе започне фестивалот.
Ќе учествуваат Ели Маказлиева, писател, проф.др. Христо Петревски, проф.др. Кристина Николовска, водител Александра Велинова.
– Минатата година, а се надеваме и оваа, се покажа дека со реализацијата на овој проект се овозможува промовирање на млади,неоткриени или неафирмирани автори кои творат поезија наменета за децата од предучилишна и рана училишна возраст, како творечка продукција која е дефицитарна кај нас и создавање нова литературна продукција во областа на литературата за деца – додаваат од Културно-Информативниот Центар.