На Бектеши не му се слуша за метлата, сме имале двоцифрен раст

466

Не е моја работа да правам анализи и да му предлагам на мандатарот кој ќе биде сменет, а кој не, изјави министерот за економија Крешник Бектеши откако новинарите го прашаа дали очекува да биде дел од најавената реконструкција на Владата.

Тој на денешната прес-конференција во врска со објавените јавни повици од Програмата за промоција на обновливи извори на енергија и поттикнување на енергетска ефикасност во домаќинствата, запрашан за коментар, рече дека не држат оценките за потфрлување во економските ресори имајќи ги предвид бројките и извештаите објавени од Заводот за статистика.

– Ние како Министерство сме надлежни за политиката што се спроведува во индустријата, туризмот, трговијата. Ако ги земете бројките ние веќе година и пол имаме голем раст, а во некои области дури и двоцифрен раст – вели Бектеши на новинарско прашање во врска со изјавата на вицепремиерот Бујар Османи дека со реконструкцијата на Владата ќе се зајакнат економските сектори и критиките на министерот Дамјан Манчевски дека потрфлиле економските министерства.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...