„Proud” и Тамара Тодевска се пласираа на осмо место. Победник на годинашната Евровизија е Данкан Лоренс од Холандија со песната „Аркада“ со која освои 492 гласа.За Холандија ова беше петта победа во досегашните настапи на Евровизија, и прва по 1975 година.
Втората позиција ја освои Италија, додека Русија беше трета.
Тодевска имаше безпрекорен настап на финалната вечер, но публиката ѝ даде само 58 бода.
Ова е досега најдобар пласман на Македонија на Евровизија. Норвешка, Русија, Швајцарија, Италија и Холандија добија најмногу гласови од публиката.
Швајцарија, Србија, Молдавија, Албанија, Велика Британија и Австрија на Македонија ѝ доделија 12 поени.
Тамара Тодевска ја изведе песната „Гордост“ (Proud). Aвтори на песната се Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, а текстот е на Коста Петров и Сања Поповска. Придружни вокали се Александра Јанева, Антонија Гиговска и Васил Гарванлиев.