Заев во Владичин Хан: Скратувањето на физичката дистанца е соодветна на пријателството меѓу нашите народи (ФОТО)

Денеска имаме прилика уште еднаш да го потврдиме тоа големо пријателство, за кое знам дека ќе расте во периодот што доаѓа - рече Заев.

2046

Србија ја отвори најтешката делница од Коридорот 10 во Грделичка Клисура.

На свеченоста во Владичин Хан организирана по повод пуштањето на автопатот се обрати и премиерот Зоран Заев.Тој им одаде признание на раководството на Србија и градежниците за пробивањето на најтешката делница, со што сега Србија е поврзана целосно со автопат до границата на Северна Македонија.

– Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи, се радуваме за пријателска Србија и нашиот пријателски српски народ. Сега кога гледам како изгледа ова автопатско решение, честитките добиваат уште поголемо значење. Така е кога се работи вредно и посветено, резултатите се евидентни. Сега граѓаните на двете земји имаат автопатско решение. Сега од Скопје до Белград ќе се патува за четири часа. Намалувањето на физичката дистанца е соодветна на пријателството и блискоста меѓу нашите народи што ја носат длабоко во своите срца.Коридорот 10 сега го личи, вистинска европска вредност на поврзување и комуникација. Ја носиме Европа овде на Балканот- рече Заев.

Тој додаде дека овој голем потфат е од исклучително значење и за земјава.

–  Јас сум уверен дека соработката ќе продолжи и со темпото диктирано од Берлинскиот процес. Денеска имаме прилика уште еднаш да го потврдиме тоа големо пријателство, за кое знам дека ќе расте во периодот што доаѓа – рече Заев.

На свеченоста покрај српскиот претседател Александар Вичиќ, премиерката Ана Брнабиќ и министерката за градежништво, сообраќај и инфраструктира Зорана Михајловиќ, присуствуваа и Милорад Додик од Република Српска, како и дипломатскиот кор во Србија.

–  Денеска можете да се гордеете не само со овој мост, туку со најубавиот автопат кој го има Европа. Можам да кажам дека ова сме ние. Ова денес е Србија, нема поубава земја која повеќе ја сакаме. Тргнвме од нула, осакатени, но со голема желба, цел и упорност, која е дел од нашата војничка традиција. Таа упорност и тврдоглавост на сите нас, желба да не бидеме губитници и да покажеме колку вредиме, мораше да победи на крајот – рече Вучиќ.

Претходно, во попладневните часови српската делегација со претседателот Вучиќ направи обиколка на новиот автопатат на делницата низ Грделичка клисура, на делот на Косината 2, клучката Предејане, Момин камен и кај тунелот Манајле.

Со отварањето на делницата кај Грделичка клисура, Србија преку Коридорот 10 ќе биде целосно поврзана со 600 километри долг автопат од границата на Северна Македонија до границата со Унгарија.

Коридорот 10 е еден од најважните пан-европски транспортни коридори што поминуваат низ Србија и ги поврзува Австрија, Унгарија, Словенија, Хрватска, Србија, Бугарија, Северна Македонија и Грција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...