Индиската полиција трага по мајмун кој наводно украл бебе од една куќа, а чие безживотно тело подоцна е најдено во бунар во источната индиска држава Ориса.
Мајката на покојното бебе изјавила дека видела се, но дека не можела да го спаси синчето. Подоцна телото на бебето е најдено во бунар зад куќата, еден ден откако детето било грабнато од мајмунот. Лекар констатирал дека нема сериозни повреди на телото и дека најверојатно бебето се удавило.
Полицијата истакнала дека ова е „многу редок случај“ и изразила надеж дека наскоро ќе го фатат мајмунот. Од локалната полиција додале дека често се случува мајмуни да нападнат луѓе и да влегуваат по домови во потрага по храна, но дека ова е првпат такво животно да грабне бебе.