Конечно сонце! Калина, мојата слатка мала сосетка уживаше во дворот со татко ѝ кој ја лулаше на лулашката.
Таа и нејзиниот татко Александар се дел од семејството кое живее отспротива, оние во чиј двор е дрвото по кое скока тафталиџанскиот петел. И нормално, во последно време петелот е неизбежна тема во нашите комшиски муабети.
„Како спиете, нели ви пречи кукурикањето на петелот?“, ги прашав јас, а таткото на Калина, ми одговори: „Како не ни пречи, нас под прозор ни кукурика“. Малечката Калина се придружи на муабетот: „Тука стоеше, еве тука, а еднаш беше и на покривот“, покажува таа со малото прсте.
И навистина, еве и фотографија како доказ: „лепотанот“ исправен во зора на нивниот покрив.
А овие соседи му ја знаат веќе и цела маршрута…
Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.