Зелката поевтини, производителите на протест

Земјоделците се нездоволни бидејќи од утрото откупната цена на пролетната зелка паднала од 30 на 25 денари.

176

Производители на пролетната зелка денеска незадоволни поради намалената откупна цена на зелката ги блокираа влезот и излезот на село Муртино.

Тие се нездоволни бидејќи од утрово откупната цена на пролетната зелка паднала од 30 на 25 денари.

– Без никаква најава трговците ја намалија откупната цена и тоа на многу недостоинствен начин. Имено, утринава кога отидовме да подигнеме гајби за берба на пролетната зелка никој не ни кажа дека откупната цена е 25 денари. Така не оди. За само десетина денови, од почетокот на откупот, откупната цена падна од 40 на 30, а сега на 25 денари – вели Трајко Пандев земјоделец од село Муртино.

Земјоделските производители продолжуваат да го блокираат влезот и излезот во селото Муритно и бараат интервенција на надлежните органи откупната цена барем до Велгиден да изнесува 30 денари за килограм пролетна зелка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...