Судот на Ватикан ослободи свештеник обвинет за сексуално вознемирување

65
ФОТО: EPA / ALESSANDRO DI MEO

Највисокиот суд на Ватикан го ослободи свештеникот Херман Гајслер од обвинувањата за сексуално вознемирување,

Во денеска објавеното соопштение од Ватикан се наведува дека панел од пет члена на ватиканскиот Суд пред два дена објавил декрет со кој Гајслер се ослободува од обвинението дека сексуално вознемирувал една благородна сестра за време на исповед. Судот пресудата ја образложи со тоа дека обвинението не било докажано со „апсолутна морална сигурност“.

Гајслер поднесе оставка во ватиканската Конгрегација за учење на верата во јануари, откако поранешната благородна сестра Дорис Вагнер го обвини за сексуално вознемирување за време на исповед. Според црквениот законик, барањето сексуални односи за време на исповед е тешко дело, со оглед на ранливата состојба во која се наоѓа покајникот

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...