Ципрас ја повика Анкара да ги ослободи двајцата грчки војници во знак на добра волја

Ципрас изрази загриженост, поради како што нагласи „зголемените провокации“ од страна на Анкара.

287

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска ја повика Турција „во знак на добра волја“ да ги ослободи двајцата грчки војници, кои беа упасени минатиот месец откако преминаа на турска територија во реонот на реката Марица.

Ципрас воедно изрази загриженост, поради како што нагласи „зголемените провокации“ од страна на Анкара.

– Во последно време таа ги засилува провокациите и придонесува за ескалација на состојбата на сите фронтови, изјави Ципрас на седница на неговата Влада.

Двајца грчки војници беа приведени на 1 март од страна на турска воена патрола, откако при лоши временски услови, проследени со снежни врнежи, студ и силен ветер, залутаа и ја преминаа границата меѓу Грција и Турција во реонот на реката Марица.

Турски суд неколку дена подоцна го отфрли барање за ослободување на војниците и реши тие и натаму да останат во притвор.

Нивните адвокати бараа војниците да бидат ослободени од притвор и да бидат префрлени во грчкиот Конзулат, каде би го чекале почетокот на судскиот процес.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...