Тамара со Proud во финале на Евросонг ВИДЕО ГАЛЕРИЈА

2309

Тамара со Proud е првата финалистка од втората полуфинална вечер на песната на Евровизија 2019. кој се оддржува во Тел Авив, Израел.

Aвтори на песната „Proud“ на англиски јазик се Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, а стиховите се дело на писателот Коста Петров, кои се дел од евровизискиот тим во Израел.

Моќната изведба на Тамара ќе може да ја слушнеме во сабота на финалната вечер.

Во финалето освен Македонија, вечерва се пласираа и Холандија, Албанија, Шведска, Русија, Данска, Азербејџан, Норвешка и Малта.

Во првата полуфинална вечер се пласираа Грција, Белорусија, Србија, Кипар, Естонија, Чешка, Австралија, Исланд, Сан Марино и Словенија.

Во финалето настапува и големата петорка Велика Британија, Италија, Шпанија, Германија и Франција, како и земјата домаќин Израел.

Фото: EPA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...