Русија и САД постигнаа напредок во однос на контролата на вооружувањето за време на разговорите во Сочи, изјави денеска рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков во интервју за ТАСС. Пред два дена во Сочи средба имаа рускиот претседател Владимир Путин и американскиот државен секретар Мајк Помпео.
– Што се однесува до темите од средбата од 14 мај во Сочи, би ги издвоил контролата на оружје, неговото неширење, кризата на целиот систем во таа сфера и перспективите за одржување на она што се уште функционира меѓу Москва и Вашингтон од аспект на ограничување и намалување на нуклеарното оружје – истакна Рјабков.
Според него има уште многу работи да се допрецизираат.
– По посетата на државниот секретар, ние во целост ќе решиме неколку прашања со цел да имаме основа врз која повторно можеме да почнеме дијалог за стратешката стабилност – појасни Рјабков.