Во Норвешка во тек се преговори меѓу венецуелската Влада и опозицијата, потврди денеска венецуелскиот амбасадор во ОН Хорхе Валеро. Средбата се одржува со цел да се изнајде решение за кризата по неуспешниот бунт против претседателот Николас Мадуро.
– Да, се водат разговори меѓу владата и демократскиот дел на опозицијата…венецуелската Влада сака дијалог – истакна Валеро, одговарајќи на новинарско прашање.
Валеро го осуди мешањето на САД, откако американскиот претседател Доналд Трамп ги зајакна санкциите против венецуелската влада и отворено застана зад опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, кој се прогласи за привремен претседател. Валеро го нарече Трамп воен злосторник.
– За жал, постои и опозиција која поттикнува на војна, терористичка и фашистичка…марионета на американското царство – истакна Валеро.
Норвешкото Министерство за надворешни работи соопшти дека не ги коментира можните улоги во потенцијалните мировни преговори или оние кои се во тек.
– Норвешка со голема загриженост ја следи ситуацијата во Венецуела. Силно ги охрабруваме страните да најдат политичко и мирно решение за да се избегне натамошна ескалација – соопшти портпаролката на норвешкото МНР