Пајат: Куфодинас е убиец, а не Робин Худ

143

Лидерот на терористичката организација „17 Ноември”, Димитрис Куфодинас е убиец, а не Робин Худ, изјави амбасадорот на САД во Грција, Џефри Пајат за време на посетата на канцелариите на весникот „Пелопонез” во грчкиот град Патра, објави весникот на нивниот официјален сајт, јави дописничката на МИА од Атина.

Резиденцијата на Пајат вчера беше на цел на напад на членовите на анархистичката група „Рубикон”, кои во знак на протест и за поддршка на Димитрис Куфодинас, фрлија бои на надворешните ѕидови на објектот.

Куфодинас, кој е осуден на 11 доживотни затворски казни, од 2 мај штрајкува со глад, поради тоа што не му е одобрена неколкудневна дозвола за излез од затвор.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...